Започнаа првите обуки во рамките на Тренинг центарот за интегрирано образование

На 22 август 2012 година официјално започна реализацијата на првиот циклус основни обуки за интегрирано образование во рамките на Тренинг Центраот за интегрирано образование. Обуките се огранизирани во пет работилници кои ги опфаќаат сите тематски подрачја предвидеви во основниот пакет обуки подготвени од страна на тимот за едукација при НДЦ Скопје.

Програмата на овие основни обуки е конципирана и стуктуирана за да им овозможи на сите наставници, педагози, психолози од основните и средните училишта  и на други заинтересирани субјекти да се запознаат со карактеристиките, обележјата и придобивките на Нансен моделот за интегрирано образование, како и да ги развијат вештините за успешна непосредна реализација на програмите за интегрирани воннаставни активности во училишта со мултиетничка стуктура на ученици. Првата група која го посетува основниот циклус обуки за интегрирано образование е составен од наставници и педагози од шест мултиетнички основни училишта од општините: Јегуновце, Струмица, Петровец, Чаир, Карбинци и Конче, каде што наставата се одвива на Македонски, Албански и Турски наставен јазик.

По успешното завршување на теоретксиот дел на обуките ќе следува практичниот дел кој ќе се реализира во веќе постоечките училишта кои успешно го спроведуваат Нансен моделот за интегрирано образование.