Започна вториот циклус основни обуки за интегрирано образование со втората група наставници

На 19 октомври 2012 година започна релизацијата на вториот циклус основни обуки за интегрирано образование во рамките на Тренинг центарот за интегрирано образование при НДЦ Скопје. Учесници на овој циклус обуки се наставници од основни училишта од повеќе градови и општини во Р. Македонија односно градовите: Скопје,Тетово, Велес, Крива Паланка, Битола, Кичево, Куманово, Свети Николе и општините Бистрица и Сопиште.

Основниот цилкус обуки за интегрирано образование се состои од теоретски и практичен дел како и предавања од локални и меѓународни експерти од полето на интегрираното образование. Според планираната динамика за реализација на основите обуки за интегрирано образование, обуките ќе се реализираат во целост до март 2013 година.

Втората група наставници кои ги посетуваат обуките во рамките на Тренинг центарот при НДЦ Скопје се апликанти кои не се директно вклучени во реализацијата на интегрираните воннаставни активности според Нансен моделот за интегрирано образование а сепак пројавија интерес за продлабочување на нивните знаења и вештини во полето на интегрираното образование и за кои НДЦ Скопје одлучи да ги сипендира обуките.