Започна процесот на обука за наставниците од средните стручни училишта во рамките на проектот „Мултиетнички концепт во образованието“

На 12 март 2015 година започна процесот на обука за учесниците од Група 11 во рамките на основното ниво на обука за интегрирано образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје. 11-та група е составена од наставници кои доаѓаат од пет средни стручни училишта вклучени во проектот “Мултиетнички концепт во образованието” – заеднички проект на Министерството за образование и наука во соработка со НДЦ Скопје со финансиска поддршка од норвешкото Министерство за надворешни работи.

На учесниците им посакаа добредојде извршниот директор на НДЦ Скопје г. Сашо Стојковски, Менаџерот на Тренинг центарот г-а Билјана Крстеска – Папиќ и координаторот за едукација, обука и развој г-а Сонај Билал. учесниците присуствуваа на првата работилница во рамките на основното ниво обука за интегрирано образование збогатена со неколку воведни и интерактивни активности.