Заеднички проект со НДЦ Мостар- реализација на третата и четвртата работилница

Во периодот 27- 28 март, 2015 година, менаџерот на Тренинг центарот при НДЦ Скопје, Биљана Крстеска- Папиќ ја реализираше третата и четвртата работилница од основното ниво на обука за интегрирано образование наменето за 16 наставници и директори на училиштата од Босна и Херцеговина во рамки на проектот „Обука за наставници за интегрирано образование“ финансиски поддржан од амбасадата на кралството Норвешка во БиХ. Темите на работилниците беа „Важноста на тимската и тандемската соработка“ како една од главните карактеристики на Нансен моделот за интегрирано образование и „Важноста на вербалната и невербалната комуникација во групи со мешан етнички состав“.