Втората  меѓународна конференција посветена на интегрираното образование  е организирана со цел да изврши позитивно влијание врз надградувањето на знаењата, зајакнување на капацитетите и усовршувањето на вештините на наставниот кадар  од основното и средното образование кои се во улога на реализатори и промотори на Нансен модел за интегрирано образование во Р. Македонија.

Користејќи го долгогодишното искуство и знаење на меѓународните експерти од Северна Ирска, Норвешка и Турција, конференцијата ќе има значајна улога во процесот на сензибилизирањето на различни образовни профили за потребата и придобивките на концептот за интегрирано образование како глобален тренд, тенденција и потреба.

Конференцијата за интегрирано образование е составен дел од основното и напредното ниво на обука за интегрирано образование организирана и реализирана во рамките на Тренинг центарот – Нансен модел за интегрирано образование при НДЦ Скопје.

[button linking=”new_window” link=”https://dl.dropboxusercontent.com/u/108137087/2nd-conference/agenda-mk.pdf” align=”left” size=”big” type=”wide” style=”solid” icon=”download-alt” title=”Превземете ја агендата” text_color=”#ffffff” bg_color=”#FB4400″]Преземете ја агендата[/button]

[button linking=”new_window” link=”https://dl.dropboxusercontent.com/u/108137087/2nd-conference/press-mk.pdf” align=”left” size=”big” type=”wide” style=”solid” icon=”download-alt” title=”Соопштение за медиуми” text_color=”#ffffff” bg_color=”#FB4400″]Покана до медиумите[/button]

[button linking=”new_window” link=”https://dl.dropboxusercontent.com/u/108137087/2nd-conference/biography-mk.pdf” align=”left” size=”big” type=”wide” style=”solid” icon=”download-alt” title=”Биографии на експертите” text_color=”#ffffff” bg_color=”#FB4400″]Биографии на експертите[/button]