Успешно реализирана програма за директорите на училиштата за Група 1

На 21 февруари, 2015 год. директорите на училиштата вклучени во програмата за обука на директори при Тренинг центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на последниот тренинг модул предвиден во програмата за обука. Обуката беше спроведена од страна на г-дин Јашар Касами, просветен инспектор, кој говореше за процесот на квалитативно вреднување во мултиетничките училишта.

Директорите успешно ја завршија програмата за обука која е структурирана со цел запознавање на мултиетничките средни училишта со развојот, концептот и идејата за интегрирано образование преку повеќе позитивни примери, искуства и модели од неколку европски образовни и воспитување системи што претставува почетна точка во текот на развојот на Нансен моделот за интегрирано образование во Република Македонија.

На директорите, исто така, им беа доделени сертификати за успешно завршување на програмата за обука. Сертификатите беа доделени од страна на проф. Зоран Велковски и извршниот директор на НДЦ Скопје г-дин Сашо Стојковски.

Тренинг Центарот на НДЦ Скопје ќе продолжи со следната фаза на програмата за директори и проектните тимови на мултиетничките средни училишта со цел да се изградат капацитетите во врска со различните проектни апликации кои ќе донесат повеќе предности на училиштата.