Реализација на практичните модули за учесниците од група 10

На 5 мај 2015 учесниците од група 10 ги следеа на практичните модули од основното ниво на обука за интегрирано образование. Практичните модули беа организирани во ОУ ,,Гоце Делчев” во Гостивар, додека интегрираната воннаставна активност ја спроведоа наставниците Габриела Мерџаноска и Нагихан Снопче. Практичниот модул се состоеше од опсервација на интегрирана билингвална воннаставна активност имплементирана според Нансен модел.

НДЦ Мостар во партнерство со НДЦ Скопје го имплементира проектот ,,Обука на наставници за интегрирано образование” која вклучува 18 наставници и училишни директори во програмата за градење на капацитетите наменета да го промовира интегрираното образование во Херцеговина – Кантон Неретва. Проектот е финансиски поддржан од Кралската амбасада на Норвешка во Босна и Херцеговина.