Работилница за наставници од третото ниво на обука

На 9. и 22. Април 2019. година во Тренинг Центарот на НДЦ Скопје беше реализирана работилница намената за наставниците од модел и проект училиштата вклучени во реализација на Нансен модел за интеркултурно образование. Тема на работилницата беше “Интергрирани воннаставни активности отворени кон природата и општествената средина”, реализирана од страна на проф. д-р Вера Стојановска од Институтот за Педагогија при Филозофски Факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.