Предавање со меѓународен експерт за учесниците од напредно ниво на обука

На 30 септември 2017, Тренинг центарот при НДЦ Скопје организираше предавање со истакнатиот меѓународен експерт, проф. Зви Бекерман, кој е дел од меѓународниот тим на обучувачи во рамките на Тренинг центарот за интегрирано образование.

На предавањето учествуваа 120 наставници кои се дел од напредното ниво на обуката при Тренинг центарот за на НДЦ Скопје. На учесниците им се обратија министерката за образование и наука, Рената Дескоска, Ерван Фуере – поранешен амбасадор во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Симоне Филипини – директорка на Холандскиот институт за демократија и Најџел Арнолд – директор на интегрираното основно училиште „Гленгормли“ Белфаст, Ирска.

Предавањето беше подготвено и реализирано од проф. д-р. Зви Бекерман од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим на тема “Интеркултурно образование како метафора за поинаква реалност”. Предавањето беше проследено со сесии со прашања и одговори и дискусии со учесниците на програмата кои ги споделија своите лични перспективи и искуства.