Петта работилница од напредно ниво на обука – групи 22, 23, 24

Во текот на месец мај, во рамки на Тренинг Центарот при НДЦ Скопје, учесниците од група 22., 23. и 24. учествуваа на петтата работилница од напредното ниво на обука за интеркултурно образование, на тема „Предизвици на интеркултурното воспитание“. Програмата на напредните обуки е конципирана и структурирана така за да им овозможи на сите наставници, педагози, психолози, и на други заинтересирани субјекти да се запознаат со идејата, концептот на Нансен модел за интеркултурно образование како современа образовна тенденција и тренд.