Пет нови групи на учесници започнаа со основно ниво на обука за интегрирано образование

Во текот на месец декември 2016 г. во рамки на Тренинг центарот при НДЦ Скопје процесот на обука го започнаа пет нови групи на учесници односно групите 14, 15, 16, 17, и 18. Новите групи на учесници во основното ниво на обука ги сочинуваат наставници од училиштата коишто се избрани за имплементација на Концепцијата за интеркултурно образование: ОУ „Толи Зордумис“, Куманово, ОУ „Гоце Делчев“, Битола, ОУ „Братство единство“, Дебар, ССУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје. Во новите групи на учесници се исто така вклучени и наставници коишто ќе го реализираат Нансен моделот за интегрирано образование преку проектни активности: ОУ „Никола Карев“, Крушево, ОУ „Кирил и Методиј“, Кучевиште, ОУ „Кирил и Методиј“, Канатларци, ОУ „Братство- Миѓени“, Тетово, ОУ „Аврам Пишевски“, Бардовци и ОУ „Гоце Делчев“, Конче.