Отворен повик за стипендии за обука за интеркултурно образование

Тренинг центар за интеркултурно образование при Нансен дијалог центар Скопје, во партнерство со Министерство за образовани и наука на Р. Северна Македонија (МОН), како и со Советот за интегрирано образование на Северна Ирска (НИЦИЕ) објавуваат:

 

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА СТИПЕНДИИ ЗА ОБУКА ЗА ИНТЕРКУЛТУРНО ОБРАЗОВАНИЕ,

како дел од Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализамот

 

СОДРЖИНА И СТРУКТУРА НА ОБУКАТА

Обуката ги содржи следниве теми:

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБУКАТА:

  • Обуката е наменета за наставници и стручни соработници од сите основни и средни училишта.
  • Обуката содржи 8 еднодневни работилници, кои ќе се оддржуваат со динамика еднаш месечно, во работен ден, во период од 10 до 16 часот.
  • Обуките се оддржуваат двојазично/тројазично (МК/АЛБ/ТР).
  • Обуките ги оддржуваат локални и меѓународни предавачи од сферата на интеркултурно образование.
  • Обуката ја карактеризираат: работа во мали групи, групна дискусија, симулации, учење по пат на решавање на проблеми и играње на улоги.
  • За успешно завршена обука, учесниците се здобиваат со домашно и меѓународно признаен сертификат.
  • Стипендијата ги покрива целосно патните трошоци, трошоци за храна, предавачи, работен материјал, просторија итн. за секој кандидат.
  • Пријавувањето за обука се врши индивидуално од страна на сите заинтересирани кандидати, со пополнување на достапна апликација.
  • Местата се ограничени, па затоа првопријавените ќе имаат предност за вклучување.
  • Апликацијата може да се пополни на следниот линк: https://tcnmie.org/mk/apliciraj
  • Последен рок за пријавување на 10.02.2020. до 15 часот. Апликациите кои ќе бидат испратени после рокот, како и нецелосно пополнетите апликации, нема да бидат разгледани.
  • За сите дополнително потребни информации, контактирајте нѐ на: contact@tcnmie.org