Отворен повик за стипендии за обука за интеркултурно образование – Модул Б

Тренинг центар за интеркултурно образование при Нансен дијалог центар Скопје, во партнерство со Министерство за образовани и наука на Р. Северна Македонија (МОН), како и со Советот за интегрирано образование на Северна Ирска (НИЦИЕ) објавуваат:

 

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МОДУЛ-Б ОБУКА ЗА ИНТЕРКУЛТУРНО ОБРАЗОВАНИЕ,

како дел од Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализамот

 

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОБУКАТА:

  • Обуката е наменета за наставници и стручни соработници кои успешно ја завршиле обуката од МОДУЛ-А во 2020. година.
  • Обуките се оддржуваат двојазично/тројазично (МК/АЛБ/ТР).
  • Обуките ги оддржуваат локални и меѓународни предавачи од сферата на интеркултурно образование.
  • Обуката ја карактеризираат: работа во мали групи, групна дискусија, симулации, учење по пат на решавање на проблеми и играње на улоги.
  • За успешно завршена обука, учесниците се здобиваат со домашно и меѓународно признаен сертификат.
  • Имајќи ги во предвид здравствените протоколи и препораки, како и специфичните околности во кои се одвива оваа учебна година, обуката ќе се одржи online на Zoom платформата. Секако ќе ги следиме истите и во претстојниот период и согласно тоа ќе постапиме или ќе ја адаптираме обуката.
  • Пријавувањето за обука се врши индивидуално од страна на заинтересираните кандидати, со пополнување на достапна апликација.
  • Местата се ограничени, па затоа првопријавените ќе имаат предност за вклучување.
  • Апликацијата може да се пополни на следниот линк: https://tcnmie.org/mk/apliciraj
  • Последен рок за пријавување на 20.02.2021. до 15 часот. Апликациите кои ќе бидат испратени после рокот, како и нецелосно пополнетите апликации, нема да бидат разгледани.
  • За сите дополнително потребни информации, контактирајте нѐ на: contact@tcnmie.org