Обука 10-17 Декември 2018, групи 22, 23, 24

Од 10. до 17. декември 2018. година, во Тренинг центарот на НДЦ Скопје беа присутни учесниците на групите 22., 23. и 24. од напредното ниво на обука на Нансен моделот за интеркултурно образование. Во овие групи учествуваа наставници од училиштата: ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш, ОУ „ Гоце Делчев “ – Битола, ОУ „ Пенестија “ – Дебар, ОУ „ Толи Зордумис“  – Куманово, СОУ „Гостивар“ – Гостивар.

Темата на првата реализирана работилница беше “Градење на интеркултурна училишна средина”, за време на која наставниците и обучувачите имаа можност заедно да ги исполнуваат и неколку од главните цели на обуките од напредно ниво.

Целите на обуката од напредно ниво се:

  • Запознавање со концептот и идејата за интеркултурно образование и негови посебности и карактеристики;
  • Сензибилизирање за почитување на различноста и другоста во поширокото општествено опкружување;
  • Поддржување на конструктивната соработка и интеракцијата помеѓу наставниот кадар, како и помеѓу образовните институции од различни општини на територија на Р.М.;
  • Oспособување за квалитативна евалуација на содржинската компонента во учебникарската литература;
  • Запознавање со позитивни примери и искуства за успешна имплементација на интеркултурното образование;
  • Развивање на идејата за интеркултурно образование во македонски општествен контекст;
  • Креирање на стандарди за евалуација на различни видови на интеркултурни активности.