Објавен прирачник за реализатори на Нансен моделот за интегрирано образование

16 август, 2016 г. – Тимот за едукација обука и развој при Нансен дијалог центар Скопје во соработка со наставничките тандеми- реализатори на Нансен моделот за интегрирано образование Радица Ацевска и Мирсада Идризи од ООУ „Лирија“, Тетово, Нагихан Снопче и Габриела Мерџаноска од ООУ „Гоце Делчев, Гостивар креираа прирачник, којшто содржи успешни модели на воннаставни активности, реализирани според Годишните програми на Нансен модел за интегрирано образование. Селектираните разработени активности во рамки на прирачникот се дел од содржините коишто се обработуваат во секциите „Мали истражувачи“ и „Образование за мир и толеранција“.

Прирачникот е изготвен двојазично, на македонски и албански јазик,а целта на истиот е да ги поттикне реализаторите во процес на подготовка на оргинални и инвентивни двојазични активности, преку приказ на позитивни и репрезентативни воннаставни активности кои се веќе успешно реализирани во гореспоменатите училишта. Избраните примери на планирања, претставуваат корисен дидактички извор, кој ќе поттикне и иницира нови оригинални приоди во процес на планирање, подготовка и реализација на интегрираните активности од воннаставен карактер.

Преземете ја публикацијата во PDF формат http://bit.ly/2bcQDaI