Конференција за интегрирано образование ќе се реализира во периодот 9-10 март, 2013 год.

Нансен Дијалог Центар Скопје организира Конференција за интегрирано образование која е интегрален дел од Основниот циклус обуки за интегрирано образование. Две групи на наставници се во процес на завршување на основниот циклус обуки за интегрирано образование кои се организирани и имплементирани во рамките на Тренинг Центарот основан во јуни 2012 година.

Основниот циклус обуки за интегрирано образование се состои од неколку нивоа на активности:

• Теоретски обуки и работилници- 5 модули,
• Практични обуки во Нансен модел училиштата- 2 модули,
• Предавања со локални експерти- 2 модули,
• Практична реализација на интегрирани воннаставни активности- 1модул,
• Конференција за интегрирано образование со меѓународни експерти- 4 модули.

Конференцијата за интегрирано образование ќе се реализира во Скопје, и ќе ги вклучи двете групи на наставници кои се во процес на завршување на основниот циклус обуки во рамките на Тренинг Центарот при НДЦ Скопје. Целта на конференцијата е да се зајакнат компетенциите кај наставниците користејќи го долгогодишното искуство и знаење на меѓународните експерти од Северна Ирска и Норвешка.

За да ја видите листата на меѓународни експери кои ќе учествуваат на конференцијата кликнете тука.