Доделени сертификати за напредно ниво на обука за три групи на учесници

На 29 април 2015 г. во просториите на Тренинг центарот при НДЦ Скопје, на учесниците од трета, четврта и петта група им беа доделени сертификати за успешно завршено Напредно ниво на обука за интегрирано образование. Во текот на настанот, на присутните им се обратија советникот на министерот за образование и наука, Сафет Незири, директорот на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски, проф. д-р. Флорина Шеху и менаџерот на Тренинг центарот при НДЦ Скопје, Биљана Крстеска- Папиќ. Напредното ниво на обука беше составено од шест програмски подрачја и се состоеше од предавања, работилници и практична работа. Во текот на процесот на обука, учесниците имаа прилика да ги надградат нивните вештини и компетенции преку обуките реализирани од обучувачите на НДЦ Скопје како и локалните и меѓународните експерти со долгогодишно искуство во полето на интегрираното образование.