Четврта работилница од напредно ниво на обука со локален експерт

Во текот на месец март 2019, учесниците од групите 22., 23. и 24. на напредното ниво на обука за интеркултурно образование при Тренинг Центарот на НДЦ Скопје, присуствуваа на четвртата работилница, реализирана од страна на проф. д-р Сузана Миовска Спасева, од Институтот за Педагогија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. Работилницата беше придружена со дискусии и активности на тема: “Интеркултурни приоди во наставата.”