3 и 4 група на учесници успешно го проследија практичниот дел од обуката

На 28 февруари, 2014 г. учесниците од 3 и 4 група учествуваа на практичните модули предвидени во основното ниво на обука за интегрирано образование. Наставниците присуствуваа на интегрираните воннаставни активности организирани во првото интегрирано основно и првото интегрирано средно училиште во Прељубиште, општина Јегуновце. Наставниците ги посетија училниците и изложбениот простор и имаа прилика да ги видат изложените изработки подготвени од страна на учениците и наставниците. Во следната фаза на обуката, наставниците имаат задача да планираат, организираат и реализираат една интегрирана воннаставна активност во некое од училиштата што го спроведуваат Нансен моделот за интегрирано образование.