Четврта online работилница за интеркултурно образование

Обуката за интеркултурно образование продолжува динамично и интерактивно за осум групи на наставници во Тренинг центар на НДЦ Скопје.

Проф. Д-р Огнен Спасовски, наш соработник и предавач долго време, преку четвртата работилница, на тема „Позитивно образование“, осветли повеќе аспекти на позитивно образование и важноста на истото во секојдневниот училишен живот.

Искрена благодарност до проф. д-р Огнен Спасовски, за стимулативното предавање за нашите наставници, професори, стручни соработници, и предучилишни воспитувачи.

Веруваме дека инцијативи од овој карактер ќе придонесат за нови, подобри практики и перспективи на нашиот образовен систем.