Успешно завршување на уште еден циклус на обуки за интеркултурно образование

Искрени честитки за успешно заокружување на обуката од Модул А за интеркултурно образование до сите наставници, стручни соработници, професори од осумте групи при Тренинг центар на НДЦ Скопје!

Истрајноста, посветеноста и мотивацијата на учесниците беа истакнати и во поздравните говори на извршниот директор на НДЦ Скопје, г-дин Ветон Зеколи, и директорката на Советот за интегрирано образование на Северна Ирска, г-ѓа Роизин Маршал.
Се надеваме дека овој циклус на обуки ќе биде убава најава на сето она што допрва му претстои на интеркултурното образование како актуелна потреба во нашата воспитно-образовна практика.

Искрено им се заблагодаруваме на сите учесници за досегашната соработка и се надеваме дека ваквите иницијативи ќе имаат позитивно влијание врз квалитетот на образованието во нашата земја.