Реализирани предавања во рамки на напредното ниво на обука за 1 и 2 група наставници

На 26 ноември, 2013 година, во просториите на Тренинг центарот- Нансен модел за интегрирано образование наставниците од 1 и 2 група продолжија со напредното ниво на обука и присутвуваа на предавањата реализирани од универзитетски професори. Првото предавање беше реализирано од  страна на Проф. д-р. Зоран Велковски на тема  „Состојби, предизвици и перспективи на интегрирано, интеркултурно и инклузивно образование“. Второто  предавање беше реализирано од страна на Проф.д-р.  Флорина Шеху на тема „Мултикултурен дизајн на училишниот простор и училишното опкружување“.

Предавањата беа комбинација на теоретски и практични активности со помош на кои наставнините стекнаа нови знаења и вештини повсзани со практиките во интегрираното образование.