Предавања со меѓународни експерти и доделување сертификати за основно и напредно ниво на обука

На 21. април 2018 година, НДЦ Скопје организираше конференција со предавања на меѓународни експерти од сферата на интеркултурното образование, како дел од основноto ниво на обука за Нансен модел за интеркултурно образование. Паула Меклвејн од Советот за интегрирано образование на Северна Ирска ја презентираше програмата за непристрасен приод во интегрираните училишта, додека Стеинар Брин од Нансен Академијата од Лилехамер, Норвешка го презентираше етосот и потребата за интеркултурно образование. Воедно, групите 19, 20, 21, 22 и 23 при Тренинг Центарот на НДЦ Скопје се здобија со сертификатите за основно ниво на обука. Потребата и значењето на програмите за обука на наставници од основно и средно образование во Република Македонија го нагласи и г. Сафет Незири, државен советник за образовни политики при МОН, кој што ги поздрави присутните наставници. Настанот дополнително беше збогатен со доделување на сертификати за успешно завршено напредно ниво на обука на наставниците од 14, 15, 16, 17 и 18 група при Тренинц центарот на НДЦ Скопје. На сите 200 наставници од основно и средно образование во Р.М. им посакуваме уште многу нови професионални успеси.