Пет групи на учесници успешно го завршија основното ниво на обука за интегрирано образование

Во текот на месец мај, 2017 година, пет групи на учесници (Група 14, 15, 16, 17 и 18) успешно го завршија основното ниво на обука за интегрирано образование со учество на последната обука предвидена во програмата. На учесниците им се обратија советникот на министерот за образование и наука, Сафет Незири и извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски кои им честитаа на учесниците за успешно завршената програма и воедно ги доделија и сертификатите.

Групите-учесници во основното ниво на обука го сочинуваа наставници од училиштата коишто беа избрани за имплементација на Концепцијата за интеркултурно образование: ОУ „Толи Зордумис“, Куманово, ОУ „Гоце Делчев“, Битола, ОУ „Братство единство“, Дебар, ССУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје. Во новите групи на учесници се исто така вклучени и наставници коишто го реализираат Нансен моделот за интегрирано образование преку проектни активности: ОУ „Никола Карев“, Крушево, ОУ „Кирил и Методиј“, Кучевиште, ОУ „Кирил и Методиј“, Канатларци, ОУ „Братство- Миѓени“, Тетово, ОУ „Аврам Пишевски“, Бардовци и ОУ „Гоце Делчев“, Конче. Петте групи учесници, процесот на обука го започнаа во декември 2016 година.