Пет групи на учесници започнаа со напредно ниво на обука за интегрирано образование

Во текот на месец август, 2017 година, пет групи на учесници (Група 14, 15, 16, 17 и 18) кои успешно го завршија основното ниво на обука за интегрирано образование официјално го започнаа процесот на обука во рамки на напредното ниво за интегрирано образование. Наставниците успешно го завршија основото ниво на обука во месец мај, 2017 година.

Групите на учесници го сочинуваат наставници од училиштата коишто беа избрани за имплементација на Концепцијата за интеркултурно образование: ОУ „Толи Зордумис“, Куманово, ОУ „Гоце Делчев“, Битола, ОУ „Братство единство“, Дебар, ССУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје. Во овие групи на учесници се исто така вклучени и наставници коишто го реализираат Нансен моделот за интегрирано образование преку проектни активности: ОУ „Никола Карев“, Крушево, ОУ „Кирил и Методиј“, Кучевиште, ОУ „Кирил и Методиј“, Канатларци, ОУ „Братство- Миѓени“, Тетово, ОУ „Аврам Пишевски“, Бардовци и ОУ „Гоце Делчев“, Конче.