Петта работилница за Интеркултурно образование
Oваа недела, во рамки на Тренинг центарот на НДЦ Скопје се одржа петтата обука за учесниците од 8. групи во циклусот на обука за интеркултурно образование.
На отворањето на предавањето се обрати г-дин Роберт Алаѓозовски, претседател на Координативното тело за имплементација на Националната стратегија „Едно општество за сите и интеркултурализам“ при Владата на Република Северна Македонија, кој ја истакна важноста на интеркултурното образование како актуелна тенденција и потреба на современи општества.
Исто така, нашиот меѓународен и долгогодишен соработник и предавач проф. Стајнер Брин, од Нансен Академијата во Лилехамер, Норвешка, кој е и основач на Нансен мрежата во Балканот, низ своето предавање, ја нагласи клучната улога на наставниците во интеркултурната трансформација на училиштата.
Голема благодарност до нашите соработници и учесници за нивната посветеност и за активното учество во предавањето.