Основно ниво на обука – предавања со локални експерти

Во периодот од 27 февруари до 9 март 2018 година, наставниците од петте групи (Група 19, 20, 21, 22 и 23) учесници на основното ниво на обука при Тренинг Центарот на НДЦ Скопје, присуствуваа на предавањето организирано како дел од шестата работилница од програмата за обука на тема: “Позитивно образование”. Предавањето беше реализирано од страна на проф. д-р Oгнен Спасовски од Институтот за Психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.