НДЦ Скопје во студиска посета на Северна Ирска

Во периодот од 18-22 ноември, 2013 година, извршниот директор на НДЦ Скопје, Сашо Стојковски заедно со менаџерот за едукација, обука и развој, Билјана Крстеска- Папиќ и координаторот за едукација Сонај Билал учествуваа на студиската програма во Белфаст организирана од страна на Советот за интегрирано образование на Северна Ирска.

Нансен дијалог центар Скопје и Советот за интегрирано образование на Северна Ирска имаат воспоставено одлична соработка којашто претставува основа за размена на искуство и ресурси во полето на интегрираното образование.

Целта на посетата беше професионален развој на персоналот на НДЦ Скопје за потребите на Тренинг центарот- Нансен модел за интегрирано образование исто така и размена на искуство и експертиза во полето на интегрираното образование.

При посетата, претсавниците на НДЦ Скопје ги посетија следните училишта: интегрираното основно училиште „Крамлин“, интегрираниот колеџ „Малоне“, интегрираниот колеџ „Хазелвуд“, интегрираниот колеџ „Лаган“, интегрираното основно училиште „Ровандејл“ и интегрираното основно училиште „Оквуд“. Посетата на училиштата беше одлична прилика за подобро запознавање со политиките и практиките имплементирани во интегрираните училишта.

Претставниците на НДЦ Скопје учествуваа на две програми за обука организирани од страна на НИЦИЕ: „Програмата за непристрасност“ и „Програмата за врсничка медијација“.

Програмите за обука ќе бидат од голема корист за Тренинг центарот на НДЦ Скопје и одличен извор на знаења којшто може да се примени во текот на програмата за обука на наставници во Македонија.