Започна напредниот циклус на обуки за НМИО

На 12 и 19 септември, 2013 беа релизирани првите работилници од напредниот пакет обуки за Нансен модел за интегрирано образование.

Напредниот циклус на обуки, паралелно се реализира за две категории на учесници, т.е. првата група наставници-реализатори на НМИО, додека пак втората група наставници се стипединсти на НДЦ Скопје кои доаѓаат од повеќе општини во Р. Македонија.

Напредниот пакет на обуки е наменет за наставниците коишто успешно го завршиле основото ниво на обуки за НМИО. Преку напредното ниво на обуки, наставниците ќе имаат можност да ги прошират и продлабочат информациите и предзнаењата за концептот на интегрирано образование како глобална тенденција и тренд во образованието.

Напредното ниво на обуки содржи 6 тематски подрачја кои ќе бидат реализирани од страна на тимот на НДЦ Скопје и локалните експерти, но исто така ова ниво на обуки ќе понуди предавања од страна на меѓународните предавачи и истаканти професори од Северна Ирска, Норвешка, Турција и др. земји. Нивното присуство ќе биде искористено за пренесување на позитивни примери, искуства, исчекори, предизвици, проблеми и сл. со кои се соочуваат во процесот на промоција на концептот за интегрирано образование.

Програмата на напредниот пакет обуки содржи 6 програмски подрачја како комбинација од предавања, работилници и практична проектна активност. Циклусот обуки ќе се реализира во текот на еден семестар. Теми на програмските подрачја се:

  • Интегрирано образование како образовен тренд и тенденција
  • Националниот курикулум како предуслов за интегрираното образование
  • Учебникарска литература за основно и средно образование во контекст на концептот за интегрирано образование
  • Дизајн на мултиетничко училишно опкружување
  • Развој на идејата за интегрирано образование во македонски општествен контекст
  • Евалуација на структурните компоненти на концептот за интегрирано образование

Обуките се одликуваат со:

  • Интерактивен начин на работа
  • Двојазичен/тројазичен приод
  • Работа во мали групи
  • Групна дискусија
  • Симулации
  • Учење по пат на решавање на проблеми
  • Играње на улоги

Обуките се реализираат на локалните јазици (македонски, албански, турски) во Р.Македонија, со помош на активно применување на техника парафразирање.