Доделени сертификати на 8 групи на наставници

Искрени честитки до сите наставници, стручни соработници, воспитувачи од осум групи, кои во текот на 2020. година успешно ја завршија обуката за интеркултурно образование.

Сертификатите, како признание за личната заложба, визијата и постигнувањата на учесниците се доделени од страна на партнерските организации: НДЦ Скопје, Министерство за образование и наука и Совет за интегрирано образование на Северна Ирска.

Благодарност до сите за посветениот ангажман, беспрекорната соработка и мотивираноста со кои ги збогатија нашите обуки.