Добредојдовте на официјалната страница на Тренинг центарот – Нансен модел за интегрирано образование!

За нас

Тренинг центарот на НДЦ Скопје нуди теоретска и практична обука за Нансен моделот за интегрирано образование (НМИО) и е посветен да обезбеди професионален развој на наставници, професори, педагози, психолози, просветни инспектори и раководители на училишта.

Користејќи го петгодишното искуство од работата на развојот и примената на интегрираното основно и средно образование во Македонија, тимот на Нансен дијалог центар Скопје во партнерство со релевантни експерти и институции креираше пакет на основни и напредни обуки за интегрирано образование кои ќе им овозможат на училиштата и вработените во образовниот сектор да се запознаат со идејата, концептот и придобивките на интегрираното образование.

За да се обезбедат најдобрите програми и обуки за професионален развој, центарот ангажира локални и меѓународни стручни обучувачи со долгогодишно искуство во областа на интегрираниото образование и професионалниот развој на наставниците. Обуките во центарот се рализираат преку 60% теорија и 40% практична работа. Теоретскиот дел се одвива во центарот, додека практичниот дел се одржува во неколку училишта по моделот Нансен кои се дополнително технички опремени за таа намена. Обуките се со времетраење од две години.

Проектот Нансен модел за интегрирано образование и Тренинг центарот се финансиски поддржани од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

За Нансен модел за интегрирано образование

Нансен моделот за интегрирано образование (НМИО) е нов модел на образование во Република Македонија кој овозможува успешна интеграција на учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно-образовен процес. НМИО е модел на образование кој ги негува, охрабрува и интегрира во себе мултиетничките вредности, двојазичноста и истовремено ја промовира и поддржува соработката меѓу учениците, наставниците и родителите која е втемелена врз почитувањето на разликите, градејќи притоа една кохезивна мултиетничка заедница.

Моделот е развиен и практично применет во 2007 година по двегодишна работа на проекти за дијалог и помирување во постконфликтните и поделени општини во Македонија. Оттогаш, моделот успешно се применува во неколку селектирани основни и средни училишта низ различни општини во Македонија и покажува одлични резултати. Нансен дијалог центар Скопје е добитник на престижната награда Макс ван дер Штул за 2011 година, доделена од страна на ОБСЕ – Високиот комесар за национални малцинства, за постигнување исклучителни резултати во промовирањето на интегрираното образование и подобрувањето на соработката меѓу различни етнички заедници.

За да дознаете повеќе за училиштата кои го применуваат НМИО кликнете тука.

Последни новости

Преглед на сите новости

Реализирани практични модули за НМИО

Во текот на месец Септември, 2018 година наставниците кои го следат основното ниво на обука за интеркултурно образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на практичните модули во рамки на програмата за обука за интеркултурно образование.

Работилници за реализатори на НМИО и проектни активности

Во периодот март-мај 2018 година реализаторите на НМИО воннаставните и проектните активности, во рамките на Тренинг Центарот на НДЦ Скопје, присуствуваа на работилници реализирани од страна на проф. д-р Хана Салиу, од Филозофскиот Факултет ...

Предавања со меѓународни експерти и доделување сертификати за основно и напредно ниво на обука

На 21. април 2018 година, НДЦ Скопје организираше конференција со предавања на меѓународни експерти од сферата на интеркултурното образование, како дел од основноto ниво на обука за Нансен модел за интеркултурно ...

Реализирани практични модули за НМИО

Во периодот 14-24 март, 2018 година наставниците од Група 19, 20, 21, 22, 23 кои го следат основното ниво на обука за интеркултурно образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на практичните модули во рамки на програмата за обука за интеркултурно ...