Добредојдовте на официјалната страница на Тренинг центарот – Нансен модел за интегрирано образование!

За нас

Тренинг центарот на НДЦ Скопје нуди теоретска и практична обука за Нансен моделот за интегрирано образование (НМИО) и е посветен да обезбеди професионален развој на наставници, професори, педагози, психолози, просветни инспектори и раководители на училишта.

Користејќи го петгодишното искуство од работата на развојот и примената на интегрираното основно и средно образование во Македонија, тимот на Нансен дијалог центар Скопје во партнерство со релевантни експерти и институции креираше пакет на основни и напредни обуки за интегрирано образование кои ќе им овозможат на училиштата и вработените во образовниот сектор да се запознаат со идејата, концептот и придобивките на интегрираното образование.

За да се обезбедат најдобрите програми и обуки за професионален развој, центарот ангажира локални и меѓународни стручни обучувачи со долгогодишно искуство во областа на интегрираниото образование и професионалниот развој на наставниците. Обуките во центарот се рализираат преку 60% теорија и 40% практична работа. Теоретскиот дел се одвива во центарот, додека практичниот дел се одржува во неколку училишта по моделот Нансен кои се дополнително технички опремени за таа намена. Обуките се со времетраење од две години.

Проектот Нансен модел за интегрирано образование и Тренинг центарот се финансиски поддржани од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

За Нансен модел за интегрирано образование

Нансен моделот за интегрирано образование (НМИО) е нов модел на образование во Република Македонија кој овозможува успешна интеграција на учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници преку современ воспитно-образовен процес. НМИО е модел на образование кој ги негува, охрабрува и интегрира во себе мултиетничките вредности, двојазичноста и истовремено ја промовира и поддржува соработката меѓу учениците, наставниците и родителите која е втемелена врз почитувањето на разликите, градејќи притоа една кохезивна мултиетничка заедница.

Моделот е развиен и практично применет во 2007 година по двегодишна работа на проекти за дијалог и помирување во постконфликтните и поделени општини во Македонија. Оттогаш, моделот успешно се применува во неколку селектирани основни и средни училишта низ различни општини во Македонија и покажува одлични резултати. Нансен дијалог центар Скопје е добитник на престижната награда Макс ван дер Штул за 2011 година, доделена од страна на ОБСЕ – Високиот комесар за национални малцинства, за постигнување исклучителни резултати во промовирањето на интегрираното образование и подобрувањето на соработката меѓу различни етнички заедници.

За да дознаете повеќе за училиштата кои го применуваат НМИО кликнете тука.

Последни новости

Преглед на сите новости

Реализирани практични модули за НМИО

Во периодот 14-24 март, 2018 година наставниците од Група 19, 20, 21, 22, 23 кои го следат основното ниво на обука за интеркултурно образование при Тренинг центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на практичните модули во рамки на програмата за обука за интеркултурно образование. Практичните модули за Нансен моделот беа организирани во ООУ „Гоце Делчев“ во […]

Основно ниво на обука – предавања со локални експерти

Во периодот од 27 февруари до 9 март 2018 година, наставниците од петте групи (Група 19, 20, 21, 22 и 23) учесници на напредното ниво на обука при Тренинг Центарот на НДЦ Скопје, присуствуваа на предавањето организирано...

Пет нови групи наставици започнаа со основно ниво на обука во Нансен Тренинг центарот

26 февруари 2018 година- во текот на месец февруари 2018 година, Нансен Тренинг центарот за интеркултурно образование го одбележа отпочнувањето на процесот на обука од основно ниво...

Предавања со локални ескперти во рамки на напредното ниво на обука

Во периодот од 15 до 27, 2017 ноември, учесниците oд 14, 15, 16, 17 и 18-та група кои се вклучени во напредното ниво на обука за интегрирано образование при Тренинг Центарот на НДЦ Скопје присуствуваа на предавањето реализирано од...